Путин со шокантни предлози за Трамп - за Украина и за поранешен американски амбасадор
Објавено во: Свет 20 Јули, 2018
Да се одржи референдум за решавање на прашањето за Источна Украина - предложи рускиот претседател Владимир Путин до американскиот колега Доналд Трамп за време на нивниот состанокот со четири очи во финскиот главен град Хелсинки, пишува Блумберг, цитирајќи дипломатски извори .
Рускиот претседател предложил да се одржи плебисцит на сепаратистичките територии - Донецк, Луганск, како и меѓународните набљудувачи кои ќе го следат изборниот процес.
Путин се согласил да не го открива и коментира планот јавно пред да го разгледа Трамп. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков коментира дека на средбата во Хелсинки "се дискутирале некои нови идеи врз кои ќе се работи".
Потсетуваме дека формално Руската Федерација ја оправда анексијата на Крим со референдум, откако таму веќе беа распоредени руски воени лица и изборниот процес се одржа под нивен надзор. А Путин најави и по средбата со Трамп дека овој референдум бил одржан од Русија, и како се усогласени со принципите на меѓународното право. Веста сигурно ќе донесе тензии во Украина и ЕУ, бидејќи Трамп не ја негира категорично можноста Крим да биде признат како интегрален дел од Русија.
Покрај тоа, Трамп се согласил да се разгледа барањето на Путин да биде испрашан поранешниот амбасадор на САД во Русија Мајкл Макфол поради случаи на финансирање на политичките кампањи во Руската Федерација. Всушност барањето на Путин е Макфол, како и некои други американски државјани да бидат преземени од рускиот правен систем, во замена на тоа обвинетите за мешање во американските претседателски избори 12 руски државјани, кои се сметаат за соработници на ГРУ, да бидат сослушани од американскиот Специјален обвинител Роберт Милер. Во бројот на "другите американски граѓани" изгледа е Вилијам Броудер - Британец кој имал и американско државјанство, кој е во центарот на скандалот "Сергеј Магнитски".
Засега, Трамп не се обврзал, но ќе го разгледа предлогот со својот тим.
Веста предизвикала последователна порција жестоки критики кон Трамп, а зборовите на поранешниот американски државен секретар Џон Кери се индикативни: "Белата куќа треба веднаш кристално да разјасни дека и по 1 милион години нема да размислува да предаде на Русија за истрага американски граѓани" , напиша на Твитер. "Ако Путин може да одвои Макфаул (бел. Ред. - познат по критиките кон Кремљ), тој може
На крајот, откако веста стана особено жешка, портпаролката на Белата куќа Сара Саундерс изјави дека Путин всушност упатил таков предлог, но Трамп не се согласува. Независно од одбивањето на Трамп да дозволи Реципрочни испрашувања, од Белата куќа се надеваат 12-те обвинети Руси да пристигнат во САД, за да бидат сослушани. "Се надеваме дека претседателот Путин ќе ги натера 12-те идентификувани Руси да пристигнат во САД, каде ќе се докаже нивната невиност или вина", додала Сандерс, пренесе Блумберг.
foto: gq