20 Април, 2024
0.0326

ПУТИН СРЕДЕ НОЌ ДОЈДЕ НЕНАЈАВЕН, А БЕШЕ ПРЕЧЕКАН СО ПОЛНА ТРПЕЗА: Нова снимки од Мариупол, градот кој русите го уништија до темел

Објавено во: Свет 19 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на ноќта го посети окупираниот украински град Мариупол, кој руската армија прво го уништи, а потоа го освои минатата година.

Руската државна телевизија објави неколку видеа на кои се гледа како Путин вози автомобил низ улиците на Мариупол. Руските медиуми објавија дека Путин во неколку наврати го запрел автомобилот и излегол од него за да разговара со жителите.

Макс Седон, шеф на московското биро на Фајненшл тајмс и експерт за ситуацијата во Русија, објави серија снимки емитувани на руската државна телевизија и им даде малку повеќе контекст.

„Ова е знак на пркос откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење. Украина вели дека 1.000 од 14.700 киднапирани деца се од Мариупол“, објави Седон заедно со видеото на Путин како вози автомобил околу Мариупол откако слетал во градот со хеликоптер.

„Кремљ, исто така, објави дека Путин ја посетил реновираната филхармонија на Мариупол, каде Русија планирала да ги одржи таканаречените судења на украинските воени заробеници минатата година, пред сепак да ги размени“, објави Седон со друго видео од Путин.

„Во ова видео го гледаме Путин како ги посетува локалните жители кои му велат дека „се молат за него“ и додаваат дека Русија им изградила „парче рај“ за да ги замени нивните уништени станови“, пишува Седон за видеото на кое се гледа Путин како „спонтано“ разговара со жители на Мариупол.

Сепак најголемо внимание привлекува уште еден од видеото на кое се гледа како Путин исто така „спонтано“ влегува во еден од реновираните станови во Марипо.

„Забележете како, за потребите на оваа наводно спонтана посета на Мариупол среде ноќ, луѓето што живеат во овој стан ставаат храна на масата, како да е Дедо Мраз кој ненајавен пристигнува“, објави Седон со скриншот од пропагандното видео на Кремљ.



Можеби ќе ве интересира

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел