Путин вели дека Западот поттикнувал национализам во Украина
Објавено во: Свет 17 Мај, 2022
Русија денеска го обвини Западот дека води дипломатска, економска и политичка војна против Русија.
Претседателот Владимир Путин денеска изјави дека најновите случувања во Украина се поврзани со лошо осмислената политика на Западот. Путин рекол дека овие земји со децении ја игнорирале апсолутно легитимната загриженост на Русија за нејзината безбедност и на секој можен начин поттикнувале националистички, неофашистички елементи во раководството на Киев.
„Се што сега се случува, вклучувајќи го и тоа во Украина, е поврзано со лошо осмислената политика на таканаречениот колективен Запад“, рекол тој, пренесува "TASS".
Вели дека западните земји со презир се однесувале кон проблемите на југоистокот на Украина и суштински придонеле за продолжување на непријателствата кои киевските режим ги започнал пред осум години.Според него, Европската унија(ЕУ), со одбивањето на руските енергенти, прави економско самоубиство за ЕУ. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина.