19 Април, 2024
0.1172

Путин: Западот насилно ја внесува Македонија во НАТО, но со тоа ќе го дестабилизира регионот

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин е убеден дека обидите на САД и неколку други западни земји да ја консолидираат својата доминација на Балканот остануваат сериозен дестабилизирaчки фактор во регионот. Тој ова го изјави во интервју за белградските весници „Политика“ и „Вечерне новости“ пред неговата посета на Србија.

Смета дека Македонија, слично како и Црна Гора, насилно се вовлекува во Алијансата, спротивно на волјата на голем дел од населението. Според Путин, во 2017 година, спротивно на мислењето на половина од населението, Црна Гора беше внесена во НАТО. 

"Тие се плашеа да одржат референдум за ова прашање - како резултат на тоа, земјата минува низ период на политичка нестабилност", рече Путин. "Минатата година, дури и започна процесот на донесување уставни амандмани и преименување на оваа држава, ревидирање на темелите на македонскиот национален идентитет за насилно внесување на Република Македонија во НАТО", додаде тој. „При тоа, беше игнорирана волјата на македонските гласачи – референдумот за промена на државното име не успеа, но надворешниот притисок продолжи. “, додаде претседателот на Руската федерација.

Додава дека Русија и натаму ќе ги оддржува пријателските врски на Балканот.

– Руската Федерација, знаејќи и разбирајќи ја комплексноста на Балканот и историјата на тој регион, секогаш го сметаше за простор за конструктивна соработка. Денес Русија на Балканот има многу пријатели, меѓу кои посебно место го зазема стратешкиот партнер -Србија. Затоа, помагањето и зајакнување на регионалната безбедност и стабилност е нашиот безусловен приоритет, истакна Путин.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите