Путин жестоко реагира на најавите за ограничување на цената на руската нафта

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2022
Европа нема да запре со санкциите кон Русија.
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен при нејзината денешна посета на Финска изјави дека Европската унија (ЕУ) го подготвува деветтиот пакет на санкции за Русија поради нејзината инвазија на Украина.
„Напорно работиме да ја удриме Русија каде најмногу боли и дополнително да ја ослабне нејзината способност за водење на војната во Украина. Денеска можам да објавам дека со полна пареа на деветтиот пакет на санкции“, рече Фон дер Лајен на прес-конференцијата во Хелсинки.
Таа вели дека наскоро ќе одобрат глобално ограничување на цената на руската нафта со Г7 и другите големи партнери.
„Нема да застанеме додека Украина не го победи Путин во неговата илегална и варварска војна“, додаде претседателката на ЕК.
Таа не изнесе детали за мерките. Но, Русија остро реагира на овие најави.
Рускиот претседател Владимир Путин предупредува на сериозни последици за глобалниот енергетски пазар доколку Западот воведе ограничување на цената на руската нафта. Путин имал телефонски разговор со ирачкиот премиер Мухамед Шија ал Судани и му честитал за преземањето на функцијата.
Тие разговараа и за обидите на Западот да ја ограничи цената на руската нафта. Според Путин, „таквите активности се спротивни на пазарните принципи и многу веројатно ќе резултираат со сериозни последици за глобалниот енергетски пазар“.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
МЕТА И IBM ЛАНСИРАА АЛИЈАНСА - таа ќе ја промени вештачката интелигенција

ЗА САМО ТРИ ГОДИНИ КИНА СО ОГРОМЕН НАПРЕДОК: Фокус на зелениот развој и климатските активности

ПАРАДОКС НА БАЛКАНОТ - еве каде еден килограм џимиринки чини колку три килограми месо

Реновираната бензинска станица на „Макпетрол“ во Тетово е пуштена во употреба

ФИНАНСИСКИ ДИРЕКТОР ПРОДАДЕ АКЦИИ ЕДЕН ДЕН ОТКАКО ОБЈАВИ ОТПУШТАЊА - еве како менаџер од Спотифај заработи над 9 милиони долари

ТИЕ СЕ НОВАТА СРПСКА ДЕЛОВНА ЕЛИТА - имаат најмалку 140 фирми и вртат милијарди

ТРГОВЦИТЕ СО ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ ЈА НАУЧИЈА ЛЕКЦИЈАТА - власта не отстапува од замрзнатите цени, можно е продолжување и по Нова Година - ИНФЛАЦИЈАТА ДОЈДЕ ДО 3,1 ОТСТО

„СО ЗДЕЛКИ КАКО ЧЕБРЕН СЕ ЗАГРОЗУВА СУВЕРЕНИТЕТОТ НА ДРЖАВАТА“ - Најчевска вели дека за ова одлуки не смеат да носат „грст корумпирани политичари“

КОМПАНИИТЕ ЈА НАУЧИЈА ЛЕКЦИЈА, НЕМА ДА СЕ ТОЛЕРИРААТ ЗЛОУПОТРЕБИ: Бектеши не открива дали ќе продолжат замрзнатите цени
