25 Април, 2024
0.0318

РАБОТА НА ТЕРЕН И ПОД ТЕШКИ УСЛОВИ: Рекорден број странци аплицираат за работна дозвола во Словенија

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Во Словенија има значително зголемување на бројот на барања за вработување странци во текот на минатата година, а Бирото за вработување соопшти дека во 2021 година биле примени 52.281 барање за работни дозволи, што е најмногу од 2015 година, кога сегашниот систем беше воведен.

Словенија на тој начин го надмина претходниот рекорд од 48.127 барања за работна дозвола примени во 2019 година, кога вработувањето на странци во Словенија беше највисоко во последните години, пренесува СТА.

Се наведува и дека од 52.281 пристигнати барања во текот на 2021 година, одобрени се 46.264, а одбиени 6.017.

Зголемениот интерес на странците за работа во Словенија е последица и на структурната нерамнотежа на пазарот на трудот, при што побарувачката на работодавачите во оваа земја е далеку над сегашната понуда.

Според СТА, странците најмногу се вработени во Словенија во дејности кои се карактеризираат со работа на терен и под тешки услови, како што се градежништво, транспорт, производство, угостителство и земјоделство.


фото: википедија

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?