РАБОТА ОД КОЈА МНОГУМИНА СЕ СРАМАТ: Платата не е мала, но интересот е слаб
Објавено во: Финансии 14 Јули, 2018
Месар е професија која е дефицитарна во Хрватска.
Се смета дека оваа професија исчезнува, а на Истра оваа година не се запишал ниту еден ученик за ова занимање.
Од средното стручно училиште во Пула велат дека ова е професија на која многумина гледаат од височина, односно се срамат.
Откако децата ќе тргнат на училиште доколку се одлучат за оваа насока, секој месец ќе бидат стипендирани со 750 куни, и плус пари откако ќе почнат со пракса.