Работа од соништата: Како тинејџер месечно заработува 500 000 долари од својот кревет?
Објавено во: Свет 03 Јуни, 2019
Американецот Тајлер Блевинс (27) е професионален играч на видеоигри и месечно заработува и до 500 000 долари со играње на видеоигрите „Fortnite“, најчесто од кревет.
Овој среќник на Јутјуб има 22 милиони претплатници, а на Инстаграм и Твич, стриминг платформа, го следат 14 милиои луѓе. Магазинот Тајм го стави на листата „100 највлијателни луѓе“.
Бидејќи овој 27 годишник станал идол и културна икона на тинејџерите ширум светот, компанијата за компјутерски игри Electronic Arts (EA) во март му платила милион долари на ден само за да ја игра нивната нова видеоигра Apex Legends стримајќи ја на Твич.
Играта во првите месец дена собрала повеќе од 50 милиони играчи.
Но тоа е уште далеку од популарноста на „Fortnite“, видео игра на која и Тајлер и го должи својот ѕвезден статус. Таа моментно бележи 250 милиони активни играчи, а иако гејминг студиото Epic Games ја исфрли во 2017, минатата година пријавиле приходи од продажбата во износ од 2,4 милијарди долари.
Сепак, славата и успехот имаат своја цена.
Така Тајлер им се пожалил на Ла Тајмс, дека за да ги задоволи потребите на својата публика, дневно мора да игра „Fortnite“ дури 12 часа. Ако изостане и еден ден тоа значи дека ќе изгуби неколку илјади долари. Така неодамна со заминувањето на патување од неколку дена загубил 100 илјади претплатници, што би било околу 500 илјади долари во приходи.