РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Најдобриот аеродром бара контролор
Објавено во: Финансии 09 Јули, 2018
Аеродромот на островот Света Хелена бара човек кој би работел како контролор на патници.
На аеродромот слетува само еден авион неделно, а со тоа и вработениот би имал малку работа.
На островот живеат 4.500 жители, а тој се наоѓа на 2.800 км од брегот на Ангола.
Инаку, овој аеродром ја носи титулата дека е најбеспрекорен на светот.
Платата која се нуди е 50.000 фунти.