25 Април, 2024
0.0434

РАБОТА ВО ТУРИЗМОТ: Илјада сезонци ќе бидат потребни во Охрид и Струга

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Келнери, готвачи, чистачки ќе бидат потребни оваа сезона во Охрид и Струга, потврдуваат од ХОТАМ.

Велат дека околу 1.000 работници ќе бидат потребни на охридско – струшката ривиера претстојната летна сезона.

Минатите години имаше дел студенти кои работеа, се снаоѓаме како знаеме и умееме“, вели Крсте Блажески од ХОТАМ.

Хотелите во Дојран се соочуваат со недостиг на квалификувана работна сила. За хотелиерите во овој град нема избор на кадар, од причина што бројот на жители е мал. Миграцијата придонесува да не можат да најдат соодветни работници.

Велат дека за оваа летна сезона во Дојран ќе бидат потребни повеќе од 200 сезонци.

„Само кај нас ќе бидат потребни 30 до 40 луѓе. Ние и сега имаме потреба од кадар. Лани имавме работници од Куманово, Крива Паланка, од Кочани, а повремено имаше и дел од Берово.  11 млади кои минатата година работеа кај нас заминаа во Австралија, Словенија, и други земји. Извршителите ги избркаа младите од земјава затоа што дел од овие луѓе поради направен прекршок должат пари, и не сакаат да добиваат плата на сметка, туку бараат ако може да земаат пари во кеш, што ние не смееме да го правиме и да го кршиме законот. Квалификувани работници немаме, и оние кои работат се од други струки“, раскажуваат од хотел во Дојран.

Се проценува дека во Преспа летово ќе бидат потребни стотина сезонски работници, во хотелите и рестораните. Иако овој дел од Македонија туристички е послабо развиен, сезонци доаѓаат од сите возрасти и од различни градови. Обично се бараат искусни и повозрасни готвачи, додека како келнери работат помлади луѓе. Сопствениците на туристичко – угостителски комплекси велат дека имале работници од Скопје, Кавадарци, па дури и од Мала Преспа од соседна Албанија.

Освен плата, сезонските работници добиваат и сместување и други бенефиции од газдите.

Во регионот, Црна Гора и Хрватска се соочуваат со недостиг од работници во туризмот, но таму бројките се многу поголеми. На Хрватите ќе им требаат дури 20.000 работници за во туризмот.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?