29 Март, 2024
0.0262

РАБОТИ КОИ НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОМЕНИТЕ: Луѓето често се неблагодарни, затоа престанете да им угодувате!

Објавено во: Стил 11 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Еден од најпознатите мотивациони автори Лари Ким рекол дека колку и да се обидуваме и читате ентузијастички текстови, некои работи едноставно не можеме да ги промениме. 

Да се фокусирате на поедини работи поприлично претставува трошење на време и енергија, затоа престанете да се обидувате. Ова се некои работи кои наведува дека мора да ги промените:

Секогаш му одговарате на некој

Зависно од сегментот на вашиот живот, тие луѓе може да бидат повеќе и помалку. Колку и да се трудите, менувате, и барате најдобри патишта, секогаш ќе постои некој на кој ќе мора да му одговарате на прашањата и да му приложувате сметка.

Нема да живеете засекогаш

Затоа уште почудно е кога видите дека луѓето го прескокнуваат доручекот и се заробуваат само во работата и трупање нули на сметка која за неколку десетлетија нема да им значи ништо. Искористете го секој годишен одмор , повик на дружење и разонода, и грижете се за себе. Не дозволувајте вашиот живот да изгледа како да ви се брза за во гроб.

Не можете да им погодите на сите

Пркинете тоа да го правите бидејќи ќе сфатите колку другите се неблагодарни, колку тој процес ја цеди вашата душа и троши енергија, а на крај ќе се чуствувате празно и бедно.

Секогаш може подобро

Секогаш ќе познавате некој со подобар автомобил, поголема куќа, подобра работа, позгоден партнер ...Прекинете да го трошите времето обидувајќи се да бидете нешто што не сте. Животот не е натпревар. Не трудете се да бидете подобар од некој, туку бидете најдобра верзија од себе.

Со лутина и бес не можете ништо

Единствено што можете да направите е да го пролонгирате своето незадоволство и чуство на недостаток на среќа. Доколку сакате да продолжите да го уништувате своето здравје, физичко и ментално ...само продолжете.

Исто така не можете да влијаете на туѓото мислење

Можете да советувате, барате, преколнувате...можете да врескате на цел глас, но понекогаш едноставно ништо нема да може да влијае на туѓото мислење. Не можете да ги уверите луѓето да ве сакаат или да ви простат. Не можете да ја заслужите нивната почит доколку тие не сакаат да ви ја дадат.

Вчера не може да се врати

Не живеете во минатото бидејќи не можете да го промените. Тоа само ќе ве воведе во депресија. Гледајте пред себе и храбро чекорете.

Свет? Не, ниту него не можете да го промените-само себе

Убаво и инспиративно размисување дека една личност може да го промени светот, сепак, некои работи се едноставно поголеми од нас. Она што е сигурно е дека можете да направите голема промена околу себе. Правете го она што најдобро го знаете.

Веќе ништо не е навистина приватно

Се што работиме онлајн се претвора во една голема база на податоци. Многу е важно да сфатите дека ретко што можете да задржите за себе, како и дека обелоденувањето на поедини работи е опасно бидејќи постојат разни луѓе околу вас.

Изгубеното не може да се врати

Колку порано се простите со работите кои се изгубени, толку полесно ќе тргнете кон нови. Ова е многу важна лекција кога се работи за врските и изгубените љубови. Колку и да ги враќате, тие никогаш нема да бидат исти. Или како викаат: Старата љубов е како прочитана книга на која веќе и го знаеш крајот.