Работници, очекувајте исплата на К-15
Објавено во: Економија 29 Ноември, 2021
Наскоро на сметките на работниците треба да има К-15. За исплата на К-15 остана уште месец дена, а сумата е 11.500 денари.
К-15 им следува на сите вработени во приватниот и во дел од јавниот сектор кои кај ист работодавец работеле најмалку шест месеци во календарската година. Од ССМ ги потсетија работодавците дека годинава имаат простор без да бидат оданочени да исплатат и поголема сума од оние 40 проценти од трите последни просечни исплатени на ниво на држава, кои со колективен договор се предвидени како минимум. За работодавачите кои не исплаќаат К-15, или бараат од работникот да им го врати, законот предвидува и затворска казна до една година. Од лани право на К-15 имаат и над 20.000 вработени во јавната управа и правосудството.