25 Април, 2024
0.0259

Работници со отказ биле најхрабри во пријавувањето на газдите за неисплатен К-15

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Работници кои биле отпуштени или си поднеле отказ на работното место биле најхрабри во пријавувањето на газдите за неисплатен К-15 за 2018-та година, потврди Инспекторатот за труд.

Од Нова година па до денес поднесени се над 300 претставки од вработени, но најголем дел од пријавите се од работници на кои им престанал работниот однос, но го исполнуваат условот да добијат регрес.

„По сите овие претставки сè уште се работи, бидејќи според законските одредби треба да ги предупредиме работодавачите ако не исплатиле К-15 тоа да го направат, па имаат рок за жалба на решението, кое е од 8 до 10 дена и ако тогаш не го испочитуваат им се одредува казна“, вели Злате Стојановски, раководител на сектор за работни односи при Државниот инспекторат за труд.

Имало и поплаки дека некои работници добиле помал износ на К-15 отколку што очекувале, но инспоекторатот не можел да реагира бидејќи се работи за суми во ракмите на законските прописи. Најмногу се од секторите трговија и угостителство, но и од производствени капацитети, а нема ниту една преставка дека газда ја барал сумата да му се врати на рака откако ја исплатил на банкарска сметка.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?