РАБОТНИЦИ СО „ТЕНОК“ ЏЕБ: Еве кој заработува најмалку во Македонија
Објавено во: Економија 23 Мај, 2020
Плата од 16.564 денари нето во март годинава земале луѓето кои се занимаваат со производство на мебел.
Ова може да се види од податоците кои ги објави Државниот завод за статистика.
16.276 денари добивале и работниците кои работат на подготовка и псолужување на храна.
Плата во висина од 16.195 денари примале во секторот заштитни и истражни дејности.
16.859 денари заработувале во секторот Услуги поврзани со одржување на
згради и дејности на уредување и
одржување на животната средина и
природата.
Плати од 17.150 денари примале луѓето кои се занимавале со производство на облека.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2020 година, изнесува 26 422 денари.