Работници загинаа при пад од зграда од 22 кат
Објавено во: Балкан 14 Септември, 2018
Двајца работници загинаа денеска при пад од зграда која е дел од проектот „Белград на вода“. Трагедијата се случила околу 9,40 наутро, како што известува „Блиц”.
Станува збор за раководител и помошник на геометарот, кооперанти на компанијата „Штрабаг”, кои паднаа од 22. кат од зградата каде што работеа, што е највисока платформа на градилиштето.