18 Април, 2024
0.0250

Работниците бараат повисок минималец, сегашниот е колку да не седат дома џабе

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Граѓаните велат дека сегашниот минималец кој е нешто повисок од 200 евра е премал за покривање на животните трошоци, со оглед на фактот дека цените растат, и затоа бараат што поскоро да порасне минималната плата. 

Наведуваат дека се зголеми цената на лебот и белите печива, транспортот поскапе, а ова лето имаше изгор цени на зеленчукот, затоа што сѐ помалку луѓе истиот го произведуваат на македонските ниви. Велат дека оние кои работат за минималец, не можат да си дозволат многу, туку ја прифатиле работата, колку да не седат дома. Во помалите македонски градови, во приватниот сектор повеќето работници работат за минималец, а трудот на работникот не е платен адекватно.

„Не само што не даваат поголема плата од 12.000 денари, туку во нашиот град се работи за 10.000, 11.500 денари. Ете зошто народот се сели. Со тие пари не може да опстане еден човек, а не пак четири члена“, вели средовечна жена од Ресен.

Граѓаните велат дека едно семејство без 500 евра не може да го помине месецот.

„Минималецот треба да биде 300 евра за да може да се живее пристојно. Има ценовен шок. Храната е скапа, за разлика од облеката кој е евтина во однос на прехранбените продукти“, рече Ружа Ордевска, граѓанка од Куманово.

Нејзината сограѓанка Славица Цветановска додава дека минималецот не смее да биде по 15.000 денари.

„Парите немаат никаква вредност. Не само минималната, треба општо платите да се зголемат во сите сектори. Многу е поскапена живеачката, не е како порано. Сега мислам дека за еден пристоен живот, во семејството сите членови треба да работат и да имаат плати од по 25.000 денари, за да кажеме дека е добро“, наведува таа.

Од СИЕР велат дека минималедот треба да се зголеми што поскоро.

„Податоците покажуваат дека има покачувања на цените, и не само минималецот, туку и другите плати треба да се покачуваат“, додаваат оттаму.

Минимална плата не пониска од 15.000 денари, бара Синдикатот. На тој начин работниците ќе можат да ги задоволат барем основните животни потреби. 

Трудот да се вреднува со коефициент, односно според нивото на образование и стручност. Ако расте минималната, ќе има пораст и кај останатите плати, сметаат од ССМ.

Премиерот Зоран Заев најави дека денеска можеби ќе бидат соопштени детали за зголемување на минималецот. 

Податоците покажуваат дека најнискиот минималец во регионот се исплаќа во Македонија.

Maкедонските работници земаат најмалку односно 203 евра. Според последните достапни податоци минималецот во Босна и Херцеговина е 208 евра, во Албанија 211 евра, а во Црна Гора неодамна минималецот е зголемен на 222 евра, пишуваат регионалните медиуми.

Во Србија најниската заработувачка сега е околу 230 евра, но следната година се очекува зголемување за 11 отсто, па од први јануари минималецот во Србија ќе се зголеми на 255 евра.

Хрватските работници земаат најмалку 405 евра, а во Словенија минималецот е најголем и изнесува 667 евра.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто