20 Мај, 2018
0.3207
    ALK 8098.79    0.29%     BESK 7738.39    -2.05%     GRNT 743.11    -1.78%     KMB 4373.93    0.64%     MKSD 204    9.68%     MPT 30016.78    0.05%     MTUR 4100    -0.41%     OHB 6498.44    0.11%     PPIV 44500    0%     RMDEN16 95.5    0.42%     RZLE 14    0%     RZLV 44    0%     RZUS 124.82    -0.94%     STB 1022.5    -0.26%     STBP 1102.85    0.07%     STIL 132.97    3.31%     TEL 270    -1.46%     TNB 13718    3%     TPLF 1573.88    -1.18%     TTK 860    -1.23%     UNI 2420.09    2.55%     ZILU 238    8.18%

Работниците очекуваат К-15: Колку треба да добијат на сметка?

Објавено во: Економија 07 Декември, 2017

До крајoт на годината работниците во приватниот сектор очекуваат К-15.

Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината што значи до крајот на годината сите работници кои го исполнуваат условот за регрес на годишен одмор треба да им биде исплатен од страна на работодавачот, во спротивно се пропишани високи казни.

Краен рок за исплата е 31.12.2017. Според статистиката просечната нето и бруто плата по вработен за месеците јули, август и септември изнесуваше 22.671 (33.328), 22.912 (33.675) и 23.229 (34.127), респективно.

Врз основа на овие податоци, висината на регресот за годишен одмор (К-15) ќе се движи од 9.174 денари (40 отсто од просечна нето плата во последните 3 месеци) до 13.484 денари (40 отсто од просечна бруто плата во последните 3 месеци).

Исплатата зависи и од успешноста на фирмата!

Сопствениците на фирми согласно важечките правила во однос на исплата на К-15 , може да исплатат и 1 денар, но коже да исплатат и повеќе од 40 % од просечната плата во земјава. Исплатата на К-15 ќе зависи од добивката на компанијата и планираните инвестиции.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со вакви политики оди во непосакуван правец

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со вакви политики оди во непосакуван правец

Две земји ќе ја прекинат трговската војна

Две земји ќе ја прекинат трговската војна

ГИ ПРЕПЛАЌАМЕ НОВИТЕ АВТОПАТИ? Компаниите што ги градат се најпрофитабилни во земјава

ГИ ПРЕПЛАЌАМЕ НОВИТЕ АВТОПАТИ? Компаниите што ги градат се најпрофитабилни во земјава

И покрај легализацијата, маслото од канабис ретко кој го купува легално

И покрај легализацијата, маслото од канабис ретко кој го купува легално

Илјадници вработени нема да одат на одмор во јули или август

Илјадници вработени нема да одат на одмор во јули или август

Пробиен рокот од првата фаза за изградба на новата клиничка болница во Штип

Пробиен рокот од првата фаза за изградба на новата клиничка болница во Штип

Зошто ММФ ја притиска Германија?

Зошто ММФ ја притиска Германија?

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе купуваат поевтина индустриска струја

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе купуваат поевтина индустриска струја

Стопиран увозот на месо од бразилски фирми

Стопиран увозот на месо од бразилски фирми