Работниците во оваа земја заработуваат 83 долари на час
Објавено во: Финансии 10 Јули, 2018
Работниците во Ирска заработуваат 83.1 долари на час.
На листата на најпродуктивни држави во светот тие се први ако се земе в предвид БДП и работните часови.
Зад нив се работниците од Луксембург со 81.2 долари на час.
Понатаму, трети на листата се работниците од Норвешка со 79.2 долари на час.
64.6 долари по работен час имаат во просек Белгијците.
Со 63.5 долари по работен час Данците се петти на листата.
Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој, 63.3 долари по час заработуваат во просек работниците во САД, а Холанѓаните 61.7 долари.
Французите имаат 60 долари, Германците 59.9, додека Швајцарците 58 долари на час.