Работник загина во Лазарополе
Објавено во: Македонија 05 Септември, 2018
Во шума во атарот на селото Лазарополе, со која стопанисува Националниот парк „Маврово“, 53-годишен Албанец загинал при сечење буково стебло со моторна пила.
Една од гранките му паднала врз главата по што човекот загубил свест. Го ангажирала приватна фирма од Струга, која имала тендер за сеча, дотур и транспорт на огревно дрво.
Со службено возило од Националниот парк работникот бил префрлен до Медицински центар Дебар, од каде поради сериозноста на повредите со медицинско возило е префрлен до Клинички центар Охрид. Синоќа, околу 2 часот по полноќ, 53-годишникот починал во болницата во Охрид, како резултат на тешките повреди.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.