Работните групи на СДСМ и БЕСА денеска ги започнуваат средбите
Објавено во: Македонија 29 Февруари, 2020
Денеска во Скопје се очекува да започне првата средба на работните групи меѓу Движењето БЕСА и СДСМ, по договорот за заедничка предизборна коалиција.
Фокусот на работата на двете групи ќе биде усогласување на предизборната програма на двете политички партии, како и списокот на можни кандидати за пратеници на заедничките листи.
Како што дознава Алсат, работната група на Движењето БЕСА ќе ја предводи професорот Биназ Пајазити. Ваквите состаноци во наредните денови се очекува да се засилат меѓу двете политички партии со цел целосно усогласување на коалициската програма потпишана претходниот ден.
Алсат неофицијално дознава дека на Беса му биле понудени 5 загарантирани места. Во шеската треба предводник на листата да биде лидерот Билал Касами, четврт да биде Фадил Зендели.