РАДЕВ СЕ ОГЛАСИ ОТКАКО ПЕТКОВ РЕШИ ДА ПРОТЕРА 70 РУСКИ ДИПЛОМАТИ: Се надевам дека знае што прави
Објавено во: Балкан 29 Јуни, 2022
Претседателот на Бугарија Румен Радев, го коментираше протерувањето на руските дипломати од Бугарија.
– Не можам да разговарам за ова прашање бидејќи ги немам потребните информации. Се надевам дека премиерот во оставка Кирил Петков има издржани и веродостојни информации за оваа одлука и добро ја разгледа и по обем и по последици – изјави Радев.
Денеска конзуларната служба на руската Амбасада во Бугарија и Генералниот конзулат во Варна ја прекинаа својата работа. Исто така, денеска и Генералниот конзулат во Русе ќе престане со работа и ќе биде затворен еден месец.