Радев: Важен чекор по долг и историски пат
Објавено во: Балкан 20 Октомври, 2018
Направивте важен чекор по долгиот и историски пат и тој ќе доведе до уште поголемо меѓусебно зближување на нашите две земји, гласи првичниот коментар на бугарскиот претседател Румен Радев, откако македонското Собрание синоќа со 80 гласови го изгласа отворањето на уставните амандмани.
- Се отвораат перспективите за развивање на меѓусебните односи и прочистувањето на идеолошките тежини од бликото минато, така што Бугарија ќе остане ваш партнер за потпора на патот кон Европската Унија и НАТО. Ја поздравувам политичката смелост, лидерство и државничка одговорност, кои водат кон уште поголемо зближување на нашите две држави - се вели во честитката од кабинетот на бугарскиот претседател.