Радев вели НЕ за членство на Украина во НАТО

Објавено во: Балкан 03 Октомври, 2022
Бугарија не го поддржа идното членство на Украина во НАТО.
9 земји од Централна и Источна Европа со заедничка декларација го поддржаа идниот пристап на Украина во НАТО, но меѓу нив не се Унгарија и Бугарија.
Бугарскиот претседател Румен Радев, вели дека „воените дејствија на територијата на Украина денес бараат нејзиното членство во Алијансата да се дискутира во целосниот состав на Северноатлантскиот совет и да не доведе до ризик од директно вклучување на земјите од НАТО во војната.
„Одлуката за пристапување на Украина во НАТО треба да биде донесена само откако ќе се развијат јасни параметри за мирно решавање на конфликтот меѓу Русија и Украина, кои треба да бидат прифатени и имплементирани од двете завојувани земји“, изјавија од Претседателството.
По истрагата на „Дондуков 2“, тие прецизираа дека Бугарија ги поддржува другите позиции во документот – имено, непризнавањето на московската анексија на украинските територии и зајакнувањето на воената помош за Киев.Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве побара членство на Украина во НАТО откако Русија анектираше четири украински региони. Тој се заблагодари на сите кои дадоа поддршка за идно членство на неговата земја во НАТО.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
СЕ ОГЛАСИ ПЕСКОВ ЗА БУГАРСКИОТ ПОТЕГ: „Тоа е апсурден и глупав став“

БУГАРИЈА НЕМАЛА БИЛАТЕРАЛЕН ПРОБЛЕМ СО МАКЕДОНИЈА: Требале да се исполнат европските вредности

БУГАРИЈА СЕПАК НЕ ГО ПУШТИ АВИОНОТ НА ЛАВРОВ: Причината е Захарова

Србија ја купи наредбата на Хитлер за напад на Кралството Југославија

(ВИДЕО) ЧАДНИ БОМБИ И СОЛЗАВЕЦ: Ветераните на ОВК се против Специјален суд

НАЈСТАРАТА ЌЕРКА НА ВАНЃЕЛ ТАВО ЗАГИНА НА АВТОПАТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА - Поранешниот министер на Албанија со трогателна објава

ЦРТЕЖИТЕ НА КОСТА СЕ МРАЧНИ И МОРБИДНИ: Психолозите преку нив го дефинираат момчето

АВИОН НА „ЕР СРБИЈА“ ВРАТЕН ОД СКОПЈЕ: Еве кои се причините
