29 Септември, 2024
0.0266

Ралев: Зелените згради како функционално решение, наместо стопирање на градбите

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Урбаните средини сè повеќе растат, градовите прераснуваат во мегалополис, а населението сè повеќе се концентрира во овие урбани центри. И ова е тенденција во целиот свет, едноставен природен тек на развојот на современиот живот. Иако во значително помал степен, истиот тренд постои и кај нас. Скопје, како главен град и административен и индустриски центар, станува пренаселен и со населеност од 319 жители на километар квадратен, вдомува повеќе од една четвртина од вкупното население во Македонија и градот ги надминува стандардите за густина на населеност. Се разбира дека ваквата состојба и континуираниот раст на нови жители во главниот град влијае на градежната експанзија, којашто од друга страна пак и покрај императивот за сопствениот раст, истовремено претставува закана за животниот простор и тоа што му се нуди на граѓаните. 

Ваквата тенденција почнува да претставува и проблем, со тоа што градбата е потребна но истовремено е и закана. Контролирано градење е единственото можно решение за овој проблем произлезен од неопходност. Контролираното градење на нови објекти, исто така, опфаќа и градба на зелени објекти или зелени згради коишто во својата суштина ги вклучуваат преференциите на контролираното градење, според архитектите. 

 „Денес градот, како урбана средина, треба да ги задоволи нараснатите и повеќеслојни потреби на своите жители, оттука просторот станува предмет на уметнички, економски и социолошки мисловни концепти пропратенo со евидентна градежната експанзија која произлегува, исто така, од различни потреби на општеството. За да се избегне пренаселеност, а сепак да се создадат квалитетни услови за живот, се пристапува кон контролирано градење, како по квантитет така и по квалитет, преку објекти кои не се закана за хабитатот, всушност се слеваат во него и дури произведуваат, создаваат подобри, еколошки и економски прифатливи услови“, вели архитектот Мишко Ралев.

Зелените згради се функционално решение за контролирано градење, наспроти стопирање на градењето, велат архитектите. „Така наречените „Зелени објекти“, се згради кои со својата вградена архитектоника и инфраструктура се хумано насочени и претставуваат пријателски настроени простори кон природната средина. За една зграда да биде зелена, не е доволно само покривот, или некој од фасадниот дел да биде обложен со вегетација, туку тоа е, пред сè еден холистички, севкупен пристап со којшто се хармонизира градбата со потребите на човекот и пошироката заедница. Така, овие згради треба да се градат според еко стандардите, при што се хармонизира објектот со околината, преку реално планирање на капацитети за водоснабдување, регулација на отпадните води, современа и ефикасна електрична инсталација, според број на жители, технички стандарди, избор на градежни материјали, дизајн на објект, конструкција, решенија за енергетска ефикасноста. При тоа самиот објект да може да создава електрична енергија, решение за управување со отпадот, како и рационалната и намалена употреба на енергија за греење или разладување. При тоа да поседуваат смислен и здрав јавен простор, збогатен со плански организирано зеленило“, додава Ралев.

Можеби налик утописки, овие згради се сè почеста појава и се најактуелното решение за проблемот со прекумерното градење и градежната експанзија. Поради тоа, постојано се изнаоѓаат нови иновативни пристапи и материјали за еден објект да биде што е можно позелен. „Иако на прв поглед градењето зелени згради е скапа инвестиција, досегашните искуства говорат дека на подолг рок, оваа инвестиција се враќа со значително намалена употреба на ресурсите така што стануваат енергетски самоодржливи. Покрај употребата на соларни панели, има примери за згради кои како комплекси обработуваат отпад трансформирајќи го во енергија за сопствена употреба. Нивниот концепт се базира на поттикнување на позитивното влијание на вегетацијата и природната светлина во секојдневниот живот на луѓето и работа за намалување на јаглерод диоксидот произведен од секоја зграда“, смета архитектот Ралев.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

„Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење“: Николовски објави видео од автопатот Тетово-Скопје, граѓаните бараат да се работи насекаде

„Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење“: Николовски објави видео од автопатот Тетово-Скопје, граѓаните бараат да се работи насекаде

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени