Рама го споредија со Милошевиќ
Објавено во: Балкан 19 Јуни, 2019
Судејќи според неговото политичко делување, албанскиот премиер Еди Рама, потсетува на „албански Милошевиќ“, стои во анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии “IFIMES” во Љубљана, Словенија.
Од институтот предупредуваат дека актуелната ситуација во Албанија е премногу загрижувачка бидејќи сега има индикации за избивање на граѓанска војна во земјата.
Во најновата анализа на институтот до Љубљана за актуелната ситуација во регионот на Западен Балкан, аналитичарите сметаат дека голема е веројатноста во Албанија да избие вооружен конфликт. Патот кон стабилизацијата на ситуацијата се гледа само во формирање на транзициска влада која ќе подготви терен за фер и слободни избори, затоа што во спротивно, Рама ќе ја доведе Албанија до граѓанска војна.