25 Април, 2024
0.0756

Рама ја нападна Србија дека прави воени маневри додека Косово им ја плаќа струјата на Србите на северот

Објавено во: Балкан 27 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Албанскиот премиер Еди Рама ја нападна Србија, поради проблемите со регистарските таблички кои се јавија со Косово. 

Рама ја обвини Србија дека „прави театрални маневри на северот на Косово“. Вели дека со ова тие не ги штитат Србите на северот од Косово. Тој кажа и дека владата на Косово им ја плаќа струјата на Србите на северот.

„Нема сомнеж дека на првото место и пред сè Србија е таа која мора да ја признае оваа неповратна реалност, и навистина е жално што, наместо конкретен напредок на дијалогот кон заемно признавање и конечно ослободување од минатото, денес сме сведоци на театрални воени маневри на Србија на границата со суверената држава Косово“, изјави Рама.

Рама рече дека не разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ по повод ситуацијата на северот на Косово, додавајќи дека е на страната на Приштина. Албанскиот премиер кажа дека Косово е целосно во права околу реципроцитетот со регистарските таблички со Србија, но и дека дијалогот е единственото решение за ова прашање. Со денови има тензии на северот на Косово. 

Главните преговарачи во дијалогот Белград-Приштина деновиве пристигнуваат во Брисел, потврди денес Петер Стано, портпарол на високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел, кој тоа синоќа го најави и подвлече дека за „безусловно отстранување на тензиите во северно Косово, специјалните полициски сили мора веднаш да се повлечат и да се отстранат барикадите на патиштата“, јави дописникот на МИА од Белград.

На заедничката прес -конференција со албанскиот премиер Еди Рама, косовскиот премиер Албин Курти рече дека, заедно со министерот за внатрешни работи, Џелал Сечиљ, е во постојан контакт со меѓународните институции на Косово.

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци