Рама: Продолживме да организираме свадби, ja чекавме невестата од Брисел, но таа не дојде

Објавено во: Балкан 04 Јули, 2022
Со години ја чекаме „невестата” од Брисел, но, таа никогаш не дојде, вели албанскиот премиер Еди Рама.
Рече дека не е Бугарија во прашање, туку начинот како ЕУ функционира, тој модел е застарен и треба да се смени. Рама кажа дека една земја држи во заложништво две други земји и тоа е грешка. Албанскиот премиер вели дека Албанците чекале да дојде невестата од Брисел, не една, туку повеќе години, но таа никогаш не дошла.
„Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Чекавме да дојде невестата од Брисел, не една, не две , не три, туку повеќе години, но таа никогаш не дојде. Ако дојде да не ожени без музика и веднаш во кревет и да имаме деца, нека дојде. Го кажувам со хумор, но замисли си кога сакаш сериозно да се жениш, а таа никогаш не се појавува“, рекол Рама според Ора њуз.
Вели дека преговорите требало да почнат пред повеќе години, можеби тоа ќе биде следната година, но, додава ” нема да добиеме несоница поради тоа”. Рама неодамна ја критикуваше ЕУ затоа што не отвори преговори со Македонија и Албанија.
Можеби ќе ве интересира
НОВО НЕВРЕМЕ ВО ГРЦИЈА: Бурата „Илиас“ ги погоди Атика и централниот дел од земјата
„СРБИТЕ ВО БАЊСКА КОПИРАА АКЦИЈА НА ПУТИН ВО ДОНБАС ОД 2014“: Косовскиот министер со сериозни обвинувања, еве за што станува збор

Во автомобил запленет во северно Косово имало и руски документи

Рама за нападот во Косово: Белград со оваа одлука, која нема никаква врска со 21 век, го разгорува пламенот на вооружен конфликт

ДРАМАТИЧНО ВИДЕО ОД СПАСУВАЊЕ НА ЈАДРАНСКО МОРЕ: Се насука чамец полн со туристи, високите бранови направија хаос (ВИДЕО)

ЕВЕ КАКО КОСОВСКАТА ПОЛИЦИЈА ГИ БРКАШЕ НАПАЃАЧИТЕ: Во медиумите осамна видео од потерата

ПРОДАЖБАТА НА НЕДВИЖНИНИ ОПАЃА: Цените упорно растат, а секој четврти имот го купува странец, пресврт во Загреб, еве ги деталите

„ПОРШЕ“ ДОАЃА НА БАЛКАНОТ: Еве во која земја ќе отворат фабрика
