РАМА СЕ ШЕГУВА: На Белград му е потребна магија да влезе во ЕУ пред Албанија
Објавено во: Балкан 21 Март, 2018
Премиерот на Албанија, Еди Рама, за „Политико“ изјави дека Србија нема да стане членка на ЕУ пред Албанија оценувајќи дека на Белград му е потребна магија, при што е уверен дека тоа нема да се случи.
„Ние цврсто веруваме дека извештајот на Комисијата би требало да биде позитивен. Што се однесува на Советот, тоа е борба до последна секунда, мораме сите да ги убедиме дека тоа е само една правилна работа што треба да се направи“- вели Рама.
Според Рама, Србија не може да влезе во ЕУ пред Албанија, особено затоа што Белград ќе мора да го реши чувствителното прашање во врска со Косово.
Европската комисија соопшти дека Србија како земја со најголем број на жители на Западен Балкан и нејзиниот помал сосед Црна Гора се фаворити во процесот за пристапување во ЕУ и објави дека двете нации, кои веќе се наоѓаат во преговори за членство, би можеле да влезат во ЕУ до 2025 година, пишува „Политико“.