29 Март, 2024
0.0261

Рама вели заинтересирани биле за да постои Северна Македонија

Објавено во: Македонија, Балкан 01 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот на Албанија, Еди Рама во обраќањето на главната сесија на Вториот самит на албанската дијаспора, што се одржува во Тирана, споменувајќи ги постигнатите успеси во периодот меѓу двата самита, ги спомена постигнувањата на Албанците во Северна Македонија, додавајќи дека без нив нема да ја има земјата, објави Топ Чанел ТВ.

„Во овој временски период, во парламентот на Северна Македонија се зборува на албански јазик. Ние сме заинтересирани таа држава да постои, да напредува кон евроатлантските интеграции, и Албанците таму да бидат подобри денес и во иднина, отколку што беа вчера. Без Албанците нема да има Северна Македонија, а уште помалку Северна Македонија во НАТО или во ЕУ“ – изјави Рама.

Тој, исто така, упати апел до Албанците во Туз, Црна Гора, да се обединат и да се откажат од непотребните непријателства едни со други, за да победат и да раководат во првата албанска општина.

Потоа го спомна историскиот предизвик пред кој се наоѓа Косово, притоа велејќи дека „најголемиот непријател на Албанците се самите Албанци“.

Самитот на албанската дијаспора се одржува во организација на министерот за дијаспора, Пандели Мајко. На него присуствуваат и косовскиот претседател Хашим Тачи, претставници на политичкиот живот на Албанците од Северна Македонија, Црна Гора и пошироко.

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница