Рама: Вучиќ и Заев реагираа брилијантно

Објавено во: Балкан 01 Декември, 2019
Премиерот на Албанија, Еди Рама, им се заблагодари на сите страни кои понудија интернационална помош по силниот земјотрес во Драч и околината, при што загинаа 50 жртви и голем број на повредени при висока материјална штета.
На средбата со акредитираните амбасадори од земјите кои ја понудија својата материјална, финансиска и кадровска помош пред се им се заблагодари на лидерите во регионот за помошта на Албанија во санирањето на последиците од силните земјотреси што ја погодија земјата.
– Не можам да најдам зборови за да искажам колку ни значеше таа поддршка … Беше брилијантно како реагираа Вучиќ и Заев … да не ги спомнувам нашите браќа од Косово. Брилијантно, рече Рама.
Тој посебно го истакна романскиот тим за спасување кој дошол во Албанија самоиницијативно.
– Прекрасно е да се видат луѓе од цела Европа, кои никогаш не стапнале во Албанија, кои немаат никакво познавање од албанскиот јазик, како ни искуство во ризикување на сопствените животи за непознати луѓе, рече албанскиот премиер.
Рама им се заблагодари на САД, другите европски земји, папата Франциск и Саудиска Арабија за нивната поддршка, истакнувајќи дека се извинува ако заборавил да спомне некого.
Можеби ќе ве интересира
ИНЦИДЕНТ ВО БУГАРСКОТО СОБРАНИЕ: Пратеник плукна свој колега

БОЈКОТ И ЗА ПЕКАРНИЦИТЕ, БУРЕКОТ Е „БЕЗОБРАЗНО“ СКАП: „Не можат да си го дозволат ниту студентите, ниту работниците“

БОСНА НЕ ПАМЕТИ ВАКВО ЗЛОСТОРСТВО, СОПРУГАТА ЈА ЗАДАВИЛ, СИНОТ ТИНЕЈЏЕР ГО ЗАДУШИЛ: Ова е човекот што го бара цела Босна

БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ КАДЕ МОЖЕТЕ САМИ ДА ШЕТАТЕ НОЌЕ: Хрватска е прва, а каде е Македонија на листата?

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО БЕЧЕЈ: Возач со автомобил се залетал во средношколци кои биле на блокада

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД ЗЕМЈОТЕРСОТ: Tраеше неколку секунди и ги исплаши Хрватите

(ВИДЕО) РАМА СЕ ИЗНЕРВИРА: Почна да пцуе додека траеше преносот во живо

ПОРАДИ СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС: За 12 сантиметри се помести историската камбанарија во Паг
