20 Април, 2024
0.0316

РАМПАТА СЕ СПУШТА ЗА ВЕНЕЦУЕЛА: Една земја им откажа увоз на нафта

Објавено во: Економија 14 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Индија го запира увозот на нафта од Венецуела.

Индискиот конгломерат „Рилајнс индустрис“ (Reliance Industries), која ја има најголемата рафинерија во светот, објави дека веќе нема да купува нафта од Венецуела. Овој чекор го преземаат под притисок на САД и меѓународните санкции.

Одлуката следи откако американскиот државен секретар, Мајк Помпео вчера изјави дека Индија треба да го прекине увозот на нафта од Венецуела, за да се изврши притисок врз претседателот, Николас Мадуро.

Владата во Њу Делхи  вчера ги предупреди нафтените компании дека ќе сносат последици ако продолжат да тргуваат со Венецуела.

Индија во февруари стана еден од најголемите увозници на нафта од Венецуела откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе вето на увозот на венецуелска нафта.

Венецуела денеска го стопира извозот на нафта за Куба со цел да се намали хуманитарната криза во земјата. Привремениот претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо изјави дека секојдневно се извезувале по 47.000 барели нафта во вредност од 2.585.000 долари за Куба.

„Со години дозволувавме да се мешаме на Куба со оправдание дека сме братски земји по идеологија. Со тоа едноставно и ја подарувавме нашата нафта“, напиша Гуидо на Твитер.

Венецуела беше основниот енергетски снабдувач на Куба. Сега Хавана ќе треба брзо да побара други трговски партнери.

Земјата е во длабока криза. Кина објави дека е подготвена да помогне на земјата да ги надмине прекините на електричната енергија и да обезбедат техничка поддршка за надминување на проблемот со преносот на електричната енергија.

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ