Рамуш Харадинај ја разреши министерката Србинка по коментарите за НАТО-бомбардирањето
Објавено во: Балкан 25 Март, 2019
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денес ја разреши заменик-министерката за правда, Весна Микиќ, која инаку на оваа функција доаѓа од Српска листа.
Истата вчера изјави дека бомбашките напади на НАТО биле геноцид против српската држава и народ. Нејзината изјава поттикна негативни реакции во Косово и се побара на нејзината оставка.
„Во Владата и во институциите на Република Косово, нема место за поединци, без оглед на етничката припадност, кои ги деградираат заедничките евроатлантски вредности. Особено кога државата Косово се создава токму врз основа на овие вредности. Изјавата на заменик-министерот во Министерството за правда, Весна Микиќ, дека бомбашките напади на НАТО биле геноцид против српската држава и народ, се неприфатливи и се совпаѓаат со говор на омраза, санкциониран со Уставот и законот. Затоа, денес го ослободив заменик министерот Микиќ од должност“, објави Харадинај на Фејсбук.