РАНГИРАЊЕ НА АМЕРИКАНСКО СПИСАНИЕ: Македонија позиционирана пред три скандинавски држави како добра дестинација за пензионери

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2025 19:04
Американско бизнис списание CEOWorld ја стави Македонија пред три скандинавски држави на листата Најдобри земји во светот за пензионирање за 2025 година.
Анкетното истражување во кое се опфатени 80 земји е спроведено во јануари и во март годинава со 126.000 испитаници.
Македонија се најде на 56 место со 46,22 поени од можни 100. Зад неа се Данска (57 место), Холандија (58), Летонија (62), Унгарија (66.), Норвешка (67), Романија (68), Финска (72), Словачка (73). Од земјите во регионот Словенија е на 11 место, Грција е 20, Бугарија (36), Црна Гора (41), а Хрватска е на 55 место.
На врвот на рангирањето е Нов Зеланд со 71,78 поени, познат по своите прекрасни природни пејзажи, висок квалитет на живот и гостопримливи луѓе.
На второто место, Луксембург се издвојува по својата робусна економија, одличен здравствен систем и повеќејазична култура. На третото место е Швајцарија, позната по своите прекрасни планински пејзажи, исклучителен квалитет на живот и неспоредливи јавни услуги, што ја прави врвен избор за пензионери кои бараат луксуз и удобност.
На четвртото место е Канада, пофалена за нејзиното инклузивно општество, разновидни градови и прекрасна природна околина.
Грузија, Непал и Катар се последните три на листата.
Можеби ќе ве интересира
АТЛАНТИК ГРУПАТА ГО ПРОДАДЕ ПОПУЛАРНИОТ БРЕНД СЕНДВИЧИ: Но продолжува да го продава и дистрибуира

Поради националниот долг Франција ќе штеди - каде ќе има кратења?

СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА ЕВРОПЈАНИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОДМОР: Соседите најлошо котираат

НАЈЕВТИНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА ГОДИНАВА: На листата се градови од регионот

(ВИДЕО) Цените вртоглаво растат: Моника споделува што купила за 10 евра во Макарска

Србија е меѓу десетте најголеми купувачи на злато - одговор на глобалната неизвесност

Оваа земја е рај за работниците: 32 дена одмор, 26 недели платено породилно отсуство

Како да добиете поевтин стан или куќа? Не секој се осмелува да ја искористи оваа опција
