РАНО Е ЗА КОВИД ПАСОШ, УШТЕ НЕМА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕФИКАСНОСТА НА ВАКЦИНАТА: СЗО повикува вакцинацијата да не биде услов за патување
Објавено во: Свет 16 Јануари, 2021
Светската
здравствена организација упати апел до земјите да не ги условуваат меѓународните
патувања со докази за вакцинација против Ковид-19. Комитетот на СЗО смета дека
досега се уште нема докази за ефикасноста за вакцината, заради што тоа не треба
да биде услов граѓаните да може да патуваат.
-Во овој момент не поставувајте обврска за докази за вакцинација или имунитет за меѓународно патување, бидејќи сè уште има клучни непознати информации за ефикасноста на вакцините во намалувањето на трансмисијата. Освен тоа, вакцините не се целосно достапни. Дополнително, доказот дека некој се вакцинирал, не треба да ги ослободува меѓународните патници од други ограничувачки мерки за намалување ризикот од зараза за време на патувањето, се наведува во извештајот на Комитетот на СЗО.