25 Април, 2024
0.0284

Рапидно се зголемува продажбата на оружје за самоодбрана во Унгарија

Објавено во: Свет 24 Март, 2020

Добивај вести на Viber


Унгарците масовно купуваат оружје за самоодбрана, плашејќи се од можен хаос доколку се појават сериозни недостатоци во снабдувањето на основните потреби и во контролата на државниот ред и поредок..

Питер Ростас не сака да има причина да го користи гасниот пиштол што го купил, но овој млад унгарски татко на едно дете не сака да го преземе ризикот кој го носи епидемија на вирусот корона, бидејќи се плаши дека може да се разбуди најлошото кај некои луѓе, пренесува Ројтерс.

„Тоа е претпазливост“, рече 33-годишниот Ростас, додека застана во редот пред малата продавница во Будимпешта што продава оружје за кое не беше потребна лиценца.

„Претпочитам да се смеам на сето ова подоцна отколку да се најдам во конфликтна ситуација каде што ќе имам само метла“, додава Ростас.

Во последните неколку недели Унгарците сè повеќе се обидуваат да се вооружат за заштита, плашејќи се од можен хаос доколку се појават сериозни анархични дејанија поради коронарна пандемија на вирусот.

Контролата на оружјето е строга во Источна Европа, како и остатокот од континентот, но побарувачката за малокалибарско оружје расте поради се поголемата анксиозност во регионот, како резултат на зголемената вознемиреност поради КОВИД-19.

И чешката асоцијација на производители на оружје соопшти дека сопствениците на продавници забележале зголемена побарувачка и двоцифрени бројки на раст на продажбата.

Во Чешката Република и Унгарија, околу 300 000 луѓе имаат лиценци за оружје, а двете држави имаат по околу 10 милиони жители. За некои лесни оружја дури не се ни потребни лиценци.

„Ние продаваме пет пати повеќе од вообичаеното во март“, рече Габор Вас, кој работи на три продавници со пиштоли во унгарската престолнина.

„Можевме да продадеме 15 пати повеќе ако имавме повеќе пиштоли на гумени куршуми, но се распродадовме“.

Продавницата, која е нешто поголема од вообичаена мобиларница и се наоѓа во приградски трговски центар на периферијата на Будимпешта, не може да прими голем број клиенти. Но, минатата недела донесе толпа луѓе од сите сфери на животот.

Унгарија има регистрирано 167 случаи на заболени од корона вирусот и седум смртни случаи, но премиерот Виктор Орбан смета дека вистинскиот број е веројатно многу поголем.

Ростас стравува дека недостатокот на храна може да доведе до насилство, иако унгарската влада инсистира на тоа дека тоа нема да се случи. Но, тој е скептичен.

„Ако луѓето сега расправаат за тоалетна хартија, што ќе направат подоцна? Штом продавниците ќе останат без снабдување, луѓето ќе го грабаат она што им е потребно. Полицијата тешко може да се справи со секоја кражба“, рече тој.

„Не планирам да убивам никого, но охрабрувачки е да имам оружје дома“, додава тој

Вас, сопственик на продавницата за пиштоли, рече дека дури и малите пиштоли за кои не е потребна дозвола би биле многу опасни во погрешни раце, бидејќи дури и гасните пиштоли можат да бидат смртоносни од блиско растојание, но интересот не завршува тука.

„Луѓето полудеа“, рече тој.

„Тие купуваат сè за што не е потребна лиценца. Гасни пиштоли, пушки со гумени куршуми, па дури и работи како самострел што можат сериозно да ве повредат“.

Продажбата на оружје и муниција, исто така, се зголемија во САД во врска со стравувањата од социјален крах бидејќи пандемијата се влошува.


Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница