28 Септември, 2024
0.1653

Рашкоски бара извинување од Рускоска - „Дали случајот Софтвери го отворивте за да ве изберат во Републичкото јавно обвинителство“

Објавено во: Македонија 04 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Поранешниот генерален сектретар на Владата, Драги Рашковски денеска повторно се обрати на јавноста со свое писмо со кое бара извинување од сега веќе суспендираната обвинителка Вилма Рускоска. 

Тој во своето обраќање потенцира дека случајот против него наречен „Софтвери“ е отворен со цел Рускоска да напредува во својата кариера и да обезбеди подобро работно место за нејзиниот внук. 

Истовремено Рашкоски бара извинување од Рускоска, а неговото обраќање ви го пренесуваме во целсот: 


КАЖЕТЕ И ИСКРЕНО НА МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ – ДАЛИ СЛУЧАЈОТ “СОФТВЕРИ” ПРОТИВ ДРАГИ РАШКОВСКИ ГО ОТВОРИВТЕ ЗА ДА МОЖЕ СО НЕГО ДА УЦЕНУВАТЕ ДА ВЕ ИЗБЕРАТ ВО РЕПУБЛИЧКОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО, А ВНУКОТ ВО ВИШОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО, А НЕ ОБРАТНО КАКО ШТО ТВРДИТЕ ВО ВАШЕТО ИНТЕРВЈУ?

Основните правила на комуникацијата налагаат дека:

·  Секој човек има име и презиме

·  Секој настан има време и место

·  Секое опишано дејствие има причина и последица

Од овие правила произлегува дека секој оној кој нема одговор на овие три прашања својот исказ може да го сведе само во категоријата на шпекулација и манипулација. Не заради себе, туку заради јавноста која веќе две години ја труете со овој тип на обраќање кон неа вие мора да дадете одговор: Кој со име и презиме Ви понудил да станете заменик јавен обвинител и вашиот внук да биде избран во Вишото јавно обвинителство во замена за тоа да ја сопрете истрагата за случајот “Софтвери”, кога тоа се случило и на кое место и најбитно ако тоа се случило што е причината за тој настан, а уште повеќе зошто после речиси 2 години Вие дури сега кога Ве суспендираа комплет зборувате за истиот?

Ваквото Ваше синоќешно излагање е одраз на она како обвиненијата ги пишувате – без кој, што, и како направил. Се осеќавте, а и бевте во даден период моќни да придобиете јавност и притиснете судски одлуки само на база на тоа дека Вие така сметате.

Како и во обвиненијата, така и во гостувањето на телевизија, фали општата логика. Еве зошто:

АПСУРД 1 – Велите “Ми беше понудено да ме изберат за заменик републички обвинител ...” ВАКВА ПОЗИЦИЈА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ ПОСТОИ. Постои јавен обвинител кој го заменува Републичкиот јавен обвинител во случај на отсуство, но тоа е веќе сосема друго, Тоа Вие би требало подобро да го знаете од мене

АПСУРД 2 – Велите “Можеби тоа беше причината”  алудирајќи на тоа дека позициите за Вас и за внукот кои Ви биле понудени биле за да се откажете од истрагата за случајот “Софтвери”. На која Вилма треба да и веруваме, на онаа која вели дека некој и пристапил со конкретен предлог или на онаа која после 2 минути кажува дека МОЖЕБИ тоа била причината.

АПСУРД 3 – Велите “не сакам после да се најдам на суд за клевета и навреда....” Па ако е вистина тоа што го зборувате зошто би Ве дал некој на Суд, а особено “истакнат” правник како Вас не треба да се плаши од одење по судови. Каков борец сте за правда ако се плашите да одете на суд за клевета и навреда?

АПСУРД 4 – На која Вилма да и веруваме? На онаа која две години наназад вели дека немала никакви притисоци за овој случај (која може да си ги погледне изјавите дадени за некои телевизии) или на онаа која вели дека не се плаши од поднесената кривична пријава од Драги Рашковски затоа што “„Не можам да местам нешто што не сум го работела. Колешката Ивана Трајчева ја водеше истрагата. Јас учествував само во предистрагата“, посочува Русковска за „А1он“.”. АКО НЕ СТЕ ЈА РАБОТЕЛЕ ИСТРАГАТА ЗОШТО НЕКОЈ ДА ВИ ПРАВИ ПРИТИСОК ДА СЕ ОТКАЖЕТЕ?

Јасно Ви е и Вам и на Трајчева дека случајот “Софтвери” Ви е пропаднат. Но, тоа не Ве плаши толку колку што знаете дека народски кажано “Стапот има два краја”. Затоа што, со ништо, никој и никогаш не Ве попречи во самоволието кое го теравте по овој предмет, ама знаете дека “Ѓаволот доаѓа секогаш по своето” и дека да обвините седум интелектуалци само заради тоа што сте буквално правно неуки е кривично дело.

Бидете искрени и кажете и на јавноста дека: ОД ЦЕЛАТА БУКА КОЈА ЈА КРЕНАВТЕ ЗА НАВОДЕН КРИМИНАЛ ПРИ НАБАВКА НА ПРЕДМЕТНИОТ СОФТВЕР, СЕГА СЕ СВЕДОВТЕ НА ТОА ДЕКА “УПАТСТВОТО ЗА ИНСТАЛАЦИЈА НА СОФТВЕРОТ НЕ БИЛО ДОВОЛНО ЈАСНО И ФАЗИТЕ НЕ БИЛЕ РЕАЛИЗИРАНИ ЗАТОА ШТО ТРЕБАЛО ДА СЕ РЕАЛИЗИРА ЗА 150 ДЕНА, А БИЛЕ РЕАЛИЗИРАНИ ЗА 80”. Одговорете и на ова прашање на јавноста, наместо да пробувате преку вакви интервјуа без присуство на сложени реченици да фрлате прашина во очите на јавноста.

Согласно, Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета член 13 упатувам до Вас барањe за извинување и јавно повлекување на искажаното, кое доколку не следува против вас ќе биде поднесена соодветна тужба за клевета и навреда. Согласно член 9 од истиот закон “Тужениот е должен да ја докажува вистинитоста на фактите содржани во тврдењето”.Извинувањето барам да биде направено на истиот начин како што ја имате дадено и изјавата дека некој Ви правел притисок за овој предмет.

Вам и на Ивана Трајчева Ви е јасно колку неправда нанесовте, но на јавноста и на Судот ќе му стане јасно колку правна неукост е сконцентрирана во овој судски предмет. Срамот од таа неукост ќе е Ваш - пишува Рашковски во своето обраќање. 


Инаку синоќа во телевизиско гостување поранешната шефицата на Обвинителството за гонење кривични дела од организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска во интервју за „Телма“ зборуваше за најистакнатите случаи кои ги поведе ова обвинителство, а откри и информации кои досега не беа познати во јавноста.

Русковска обвини дека трпела притисоци и закани да се откаже од шефовското место, а за возврат и било понудено да стане заменик републички Јавен Обвинител. 

Русковска претпоставува дека со понудата на тие повисоки функции, ако таа ги прифатела, можеби ќе требала и да ја повлече, односно да се откаже од истрагата за случајот со поранешниот владин генерален секретар, Драги Рашковски.

Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“