19 Април, 2024
0.0273

Рашковски: Дебатирав против НАТО како задача на Ораторска вечер

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Професорот Драги Рашковски продолжува да биде еден од најкритикуваните кадри во тимот на Зоран Заев откако беше назначен за генерален секретар на Владата. Тој беше обвинет од повеќе медиуми дека бил против НАТО што е лош знак за новата влада и евроатлантските интеграции. Сепак, Рашковски објаснува кога и како ги изнел спорните ставови.

„Уште овој демант на крајот на првиот успешен работен ден.

Ораторската вечер е уметнички настан на кој се вреднуваат ораторските способности. Во моментот кога настапував и бев награден, ми се падна да зборувам против НАТО. Таква ми била среќата. На мојот колега му се падна да зборува афирмативно. На ораторската вечер имаше тогаш 3 категории:

1. Слободни говори во која учесниците може да зборуваат на која сакаат тема

2. Говори – про ет контра, на која учесниците по пат на жтрепка треба да презентираат говор ЗА или ПРОТИВ однапред дадени теми

3. Веќе готови историски говори

Говорите ги пишувавме заедно со актери, кои особено на категоријата ЗА или ПРОТИВ сакаа да има дијаметрални ставови.

Инаку мојот став за НАТО е - Денес, со некои решенија кои се донесоа во Генералниот секретаријат и на Влада, Македонија е повлиску до НАТО. Тоа многу ме радува.

И утре и во наредниот период мојата енергија е насочена кон желбата – Македонија 30-та членка на НАТО“ напиша Рашковски на неговиот профил на Фејсбук.

Во продолжение прочитајте го и досието за Драги Рашковски кое го подготви Фактор.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?