29 Септември, 2024
0.0307

Рашковски објави фотографии: „Доџ вајперот“ му бил „канта“

Објавено во: Македонија 29 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Семејството на поранешниот владин генерален секретар Драги Рашковски објави фотографии наводно од автомобилот „доџ вајпер“ за кој Државната комисија за спречување на корупција тврди дека вреди најмалку 50.000 евра. Од таму бараат од Антикорупциска да го наведе името на градежната компанија преку која посредно сопругата на Рашковски го добила возилото како подарок.

– Како орган чија основна задача треба да е откривање на незаконски дејствија со цел да се спречи корипцијата, вие си земавте за право да изнесувате еклатантни невистини и притоа да обвинувате за наводно сторено кривично дело, при тоа самите вршејки кривично дело согласно член 366 од Кривичниот законик. Доколку сте ги собрале документите за кои тврдите дека ги имате, тогаш многу добро знаете дека никој од никаква фирма нема добиено автомобил на поклон.

Секој човек има име и презиме, секој настан има време и место.

Затоа, бараме од Вас, јавно да ги објавите сите документи до кои сте дошле со кои се потврдува евентуалното незаконско дејствие.

Бидејки никој не беше повикан на јавната седница, бараме јавно да одговорите и да доставите докази“, гласи писмото на семејството на поранешниот владин функционер

Рашковски бара од ДКСК јавно да го објави документот доколку постои и доказ дека автомобилот вреди 50.000 евра. Се бара документиран доказ дека Рашковски соработувал со градежната компанија од Гостивар. 

„Ваквите паушални обвинувања фрлаат сомнеж дека намерата е да се наштети на нечија личност, а не на остварување на надлежностите на Вашата институција. Само преку објавување на документите и другите факти може да ги покажете вашите чесни намери. Се друго е замајување на јавноста“, стои во дописот до комисијата.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство