Рашковски останува генерален секретар, портпаролот не коментира за истрагата
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2019
Владата не разговарала за разрешување на генералниот секретар Драги Рашковски, изјави владиниот портпарол Муамед Хоџа денеска на редовната прес конференција одговорајќи на новинарско прашање. Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отворила предмет по допрен глас во врска со спорниот тендер за набавка на радарски систем уште веднаш откако излезе аудио снимката. Во таа на некаков начин се споменуваше и Дргаи Рашковски, генералниот секретар на Владата.
Хоџа денеска не сакаше да коментира повеќе и рече дека не е владина работа да коментира процедури на правосудните органи.
Инаку според Обвинителсвото, во август надлежниот јавен обвинител што постапува по предметот до Министерството за внатрешни работи издал Наредба за прибирање на севкупната документација за предметот. Воедно е наредена и темелна анализа на документацијата.