Распишан повикот за субвенции за велосипеди
Објавено во: Економија 21 Април, 2018
Градот Скопје го распиша повикот со кој на ќе им надомести дел од трошоците на граѓаните кои ќе купат велосипед до 31 август.
– Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, како и 50 проценти од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 90.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, појаснија денеска од Град Скопје.
Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Заинтересираните граѓани треба да се жители на Град Скопје, досега да немаат добиено финансиски средства за набавка на велосипед и велосипедот да го имаат купено од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик.
Потребните документи може да се доставаат до соодветната Комисија, преку архивата на Град Скопје секој работен ден од 09 до 15:30 часот.
Субвенционирањето за набавка на велосипеди е една од мерките на Градот Скопје за промоција на велосипедот како рекреативно и превозно средство.