29 Март, 2024
0.0261

Распродаваат секој ден: По какви цени извршителите ги продаваат заложените станови

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Секој работен ден без ислучок – домашните извршители од своите канцеларии ги распродаваат автомобилите, становите, куќите, дуќаните кои граѓаните и фирмите ги заложиле за некој долг, ама не успеале да го вратат позајменото па го изгубиле и залогот. Најчесто се станови и делови од куќи, ама и деловни објекти и поголеми фабрики. Долга е листата која се нуди. Денеска се продаваат стан земјиште и гаража во Скопје и дел од семејна куќа и земјиште во Струмица. Почетната цена на станот, со гаражата е 5,4 милиони денари или над 87 илјади евра. Вкупната површина на станот со земјиштето и гаражата е 114 квадратни метри. Додека за семејната куќа во Струмица се нуди почетна цена од 43.400 евра за вкупно 109 квадратни метри.

Но овде не завршуваат продажбите. Нови има веќе во понеделник. Цените не се примамливи, односно одземените предмети не се продаваат по багателни цени, иако има и такви кои поради тоа ште не се доволно атрактивни се нудат за ниски цени. Некои од недвижнините кои ги продаваат извршителите остануваат со години, но има и такви кои брзо се распродаваат.

Најчесто секој кој сака да купи нешто треба да оди во кацеларијата на извршителот кој ја организира лицитацијата.

Македонските извршители во последниот период беа во центарот на вниманието и поради законските измени кои Владата ги подготви за извршувањето. Тие и нотарите најавуваа остра реакција но засега изостана.

Според предложеното, со измената на законот треба да се намалат трошоците во постапките пред нотари и извршители и тоа за најсиромашните граѓани кои не можат да си ги плаќаат сметките за комуналните трошоци и кои земаат мали потрошувачки кредити до 1.000 евра.

Пред речиси еден месец премиерот Зоран Заев најави дека со измените ќе се намалат трошоците за над 90 отсто од извршителските случаи и додаде дека очекува во октомври законите да влезат во собраниска процедура.

- Трошоците кои ги плаќаат граѓаните мора да бидат намалени и разумни, а не големи и енормни. Во постапките пред нотарите граѓаните кои имаат долгови за комунални трошоци ќе бидат ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност, а нотарската награда ќе биде 10 отсто од главниот долг, но не повеќе од 500 денари, рече Заев.

За сметки за вода, смет, телефони одржување на заеднички простории во висина до 6.000 денари, додаде, нема да биде потребно учество на адвокати, како и за сметки за струја и парно до 15.000 денари.

- Со тоа ќе се исклучат и адвокатските трошоци за лицата кои имаат неплатени сметки до вака одредените износи. Во постапките пред извршител дури 16 ставки за кои порано постоеа трошоци со новата тарифа ќе бидат целосно бесплатни. Некои ставки се намалени до 50 проценти, а некои и до 90 отсто, рече Заев и посочи дека во престојниот период ќе работат и на законот за бришење на долгови.

Налогот за извршување на трансакциска сметка на физичко лице кое порано чинеше 20 евра, прецизира, со новиот тарифник ќе биде две евра за долгови до 1.000 евра и ќе се движи до шест евра за највисоките. Намалени се и наградите за извршителите и при извршување на платни налози за комунални трошоци наградата не може да биде повисока од 20 отсто од висината на главниот долг. Тие се ограничени за нотарите до 10 отсто, а кај извршителите до 20 отсто.

Со оглед на тоа што Владата ги поднесе измените во Собранието на 8 октомври, а моментно во Парламентот е актуелно гласањето за уставните измени, па и можни избори, не се знае кога тие ќе дојдат на дневен ред.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат