РАСТ НА ПЛАТИ: Европска земја го зголемува минималецот
Објавено во: Економија 13 Ноември, 2019
Португалија ја зголемува минималната плата. Секој петти работник во земјата зема минимална плата, а во несигурен работен однос минатата година биле 890.000 Португалци. Тука спаѓаат и нестандардните облици на вработување, вклучувајќи привремена работа и договори на определено време. Премиерот Антонио Коста на почетокот на вториот мандат, вети дека до 2023 година ќе ја зголеми минималната плата за 25 отсто, односно на 750 евра.
Владата денеска го претстави предлогот за зголемување на месечната минимална плата за скоро шест отсто. Доколку предлогот се усвои следната година, минималната плата би била 635 евра, но и понатаму ќе биде една од најниските во западна Европа.
Најголемиот португалски синдикат ЦТГП оцени дека зголемувањето на 635 евра е „недоволно”, затоа што смета дека земјата може да обезбеди и значително поголем раст на минималната плата.
фото Википедија