18 Април, 2024
0.0257

Раст од 20% на средствата на задолжителните пензиски фондови или вредност од 48 милијарди денари

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Денеска во просториите на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, д-р Булент Дервиши одржа прес конференција на која накратко го презентираше годишниот Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување за 2016 година. 

Извештајот кој се однесува на 2016 година содржи опис на карактеристиките на капитално финансираното пензиско осигурување, податоци за капитално финансираното пензиско осигурување, оценка на извршувањето на прописите во областа на капитално финансирано пензиско осигурување, детален опис на состојбите во задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување (т.н. втор столб и трет столб) и други податоци од значење за ова осигурување, разработени во седум глави. пензиско осигурување за 2016 година. 

Во извештајот, најпрво е вклучен дел, посветен на светските состојби и трендови во пензиската област, со посебен акцент на капитално финансираното пензиско осигурување.  Потоа следува општ опис на карактеристиките на пензискиот систем кој како резултат на реформата има јавна и приватна компонента, односно претставува комбинација од осигурување врз основа на генерациска солидарност и капитално финансирано пензиско осигурување. Потоа е даден краток осврт на најзначајните измени во законите и во подзаконските акти од оваа област.

Во текот на 2016 година, извршени се измени на Законите и подзаконските акти кои се однесуваат на задолжителното и/или на доброволното капитално финансирано пензиско осигурување. Понатаму, вклучени се податоци и информации за активностите на двете пензиски друштва во врска со нивното финансиско работење. Двете пензиски друштва ја завршија 2016 година со позитивен финансиски резултат. 

Секако, најголем дел од извештајот опфаќаат петтата и шестата глава, каде што се вклучени обемни информации и анализи на работењето на четирите пензиски фонда (два задолжителни и два доброволни). 

„Зачленувањето на членовите во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување продолжи на редовна основа во текот на 2016 година и бројот на членови во вториот столб се зголеми за 5,4% во однос на 2015 година и изнесува околу 427.000 членови што претставува 75% од вкупниот број на осигуреници во Фондот на ПИОМ. 
Просечната возраст на членовите во вториот столб е 35 години. Во текот на 2016 година, во вториот столб беа уплатени околу 5,8 милијарди денари, кои заедно со акумулираните средства беа инвестирани согласно законските прописи. Вредноста на средствата на задолжителните пензиски фондови, на 31.12.2016 година, во однос на 31.12.2015 година, порасна за 20% и достигна 48 милијарди денари или околу 780 милиони евра што претставува околу 7,91% од БДП на Република Македонија (РМ). Инвестициското портфолио на задолжителните пензиски фондови се состои од домашни инвестиции кои вклучуваат државни хартии од вредност (61%), депозити (8%) и акции (3%), како и инвестиции во странство кои вклучуваат акции (5,5%) и удели на инвестициски фондови (22%).
Сметководствената единица и на двата задолжителни пензиски фондови бележеше континуиран пораст во текот на 2016 година. Како резултат на работењето на задолжителните пензиски фондови во седумгодишниот период 2008 – 2016 беше остварен просечен годишен принос во номинален износ од 6,30%, односно 4,70% во реален износ. 
Во текот на 2016 година имаше околу 344 исплати од задолжителните пензиски фондови. Во најголем број случаи, тоа се должеше на остварени семејни пензии од страна на членови на семејство на починат член на вториот столб и остварени инвалидски пензии од страна на членови на вториот столб, поради што нивните акумулирани средства беа пренесени во Фондот на ПИОМ, кој ја исплаќа семејната односно инвалидската пензија. Покрај тоа, имаше и исплати на средства како наследство од индивидуалните сметки на починати членови на вториот столб како и еднократни исплати на лица кои не стекнале право на старосна пензија или на лица кои стекнале право на старосна пензија пред стапување во сила на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансираното пензиско осигурување“, објасни Дервиши за извештајот. 

Во текот на 2016 година, како што истакна Дервиши продолжило и зачленувањето на членови во третиот столб чиј број на членови се зголемил за 6% во однос на 2015 година и изнесува околу 23.000 членови, од кои 65% се учесници во пензиска шема со професионална сметка. 

„Членовите во третиот столб, во просек се повозрасни во однос на членовите во вториот столб, односно просечната возраст на членовите во третиот столб е 42 години. Во текот на 2016 година, во третиот столб беа уплатени околу 243 милиони денари, кои заедно со акумулираните средства беа инвестирани согласно законските прописи. 
Вредноста на средствата на доброволните пензиски фондови, на 31.12.2016 година, достигна до околу 1 милјарда денари или околу 16 милиони евра, што претставува околу 0,16% од БДП на РМ. 
Инвестициското портфолио на доброволните пензиски фондови, слично како инвестициското портфолио на задолжителните пензиски фондови, се состои од домашни инвестиции кои вклучуваат државни хартии од вредност (49%), депозити (13%) и акции (8%), како и инвестиции во странство кои вклучуваат акции (6%) и удели на инвестициски фондови (22%). Сметководствената единица и на двата доброволни пензиски фондови бележеше континуиран пораст во текот на 2016 година. 
Како резултат на работењето на доброволните пензиски фондови во петгодишниот период 2010 – 2016 беше остварен годишен принос во номинален износ, во опсег од 5,96% до 6,37%, односно годишен принос во реален износ, во опсег од 4,36% до 4,77%. Во 2016 година беа извршени околу 216 исплати на пензиски надоместок од третиот столб. Најголем дел од исплатите се исплати во случај на старост со еднократно повлекување на средствата, а мал дел се исплати за случај на смрт со исплата на наследство. Последната глава е посветена на маркетингот и на агентите на пензиските друштва. Заради заштита на интересите на постојните и на идните членови и на пензионираните членови на капитално финансираното пензиско осигурување и заради обезбедување фер и објективно информирање на јавноста, маркетингот се врши во регулирана средина, уредена со закон и со подзаконски акти. Во текот на 2016 година беше организиран и реализиран испит за агенти во две испитни сесии. Во текот на 2016 година, тековно се вршеа регистрација, пререгистрација и годишна обнова на регистрацијата на агентите. На дел од агентите им престана статусот агент“, посочи Дервиши .


Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб