20 Април, 2024
0.0253

РАСТЕ БОГАТСТВОТО: Десетте најбогати земји во светот

Објавено во: Финансии 13 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Минатата година приватното богатство во светот достигна вкупно 215 трилиони долари што е зголемување за 12 отсто во однос на претходната година, покажуваат податоците на компанијата New World Wealth.

73,5% од ова богатство беше концентрирано во само десет земји. САД се на прво место рангирани со 62,6 трилиони долари (до 20% во 2007-2017). Следени од Кина со 24,8 трилиони долари, каде во изминатите десет години приватното богатство во земјата пораснало за 198%. Трета е Јапонија со 19,5 трилиони долари или зголемување од 22% во текот на десетгодишниот период.

Десетката е дополнета од Велика Британија со 9,9 трилиони долари (2.2% пад), Германија со 9.7 трилиони долари (без промена), Индија со 8,2 трилиони долари (160% раст), Франција со 6,6 трилиони долари (11% пад), Канада 6,4 трилиони долари (раст од 25%), Австралија со 6,1 трилиони долари (до 83%) и Италија со 4,3 трилиони долари (пад од 19%), соопштува  Visual Capitalist.

Кина и Индија го зголемија своето богатство во последните десет години. Во исто време развиени економии, како САД и Јапонија имаат постигнато повеќе скромен раст, а некои како Италија и Франција имаат изгубено дел од него меѓу 2007 и 2017 година.


Падот во Велика Британија главно се објаснува со амортизацијата на британската фунта, а во последните десет години нејзиниот девизен курс опадна од 2 долари за килограм на 1,35 долари за килограм.

Како ќе се промени глобалното богатство во иднина?

Според New World Wealth, истите десет земји ќе доминираат во текот на следната деценија, но нивниот ред ќе се промени значително.


Топ три на најбогатите држави во светот се очекува да остана истите, но според прогнозите Индија ќе го зголеми своето богатство со 200%, што ќе ја издигне до четвртото место со приватно богатство од 24,7 трилиони долар. Франција и Австралија, исто така, значително ќе ја променат нивната сегашна позиција, но се очекува да се движат во различни насоки.

Франција ќе продолжи да паѓа во ранг листата и ќе го заземе деветтото место со раст од 10% во наредните десет години, а Австралија ќе го зголеми своето богатство со импресивни 70% за развиена економија. Според предвидувањата, до 2027 година, таа ќе се рангира на седмо место во приватното богатство во светот со вкупно 10,4 трилиони долари. Со ова, Австралија ќе им стане ривал на Велика Британија и Германија, која ќе има поблизу до 11 трилиони долари.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин