РАСТЕ БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ВО БЕЈРУТ: Центарот на градот срамнет од експлозија на амониум нитрат
Објавено во: Свет 05 Август, 2020
Бројот на
починати во страшната експлозија што вчера попладне се случи во Бејрут е речиси
80, а близу 3.000 луѓе се повредени. Болниците
се преполни и се уште се укажува помош на огромен број граѓани кои настрадаа во
експлозијата.
Во Либан денеска е ден на жалост.
Инаку, според досегашната истрага, причина за трагедијата е експлозија на 2.750 тони амониум нитрат, кој се употребува за правење на експлозиви и полнење на гранати, како и за пиротехнички средства., но не се продава на слободниот пазар, зошто со него се прават експлозиви. Според претседателот на Либан, Мишел Аун, ова огромно количество на опасна хемикалија се чувала не безбедно цели 6 години. Тој на на Твитер напиша:
-Не можам да прифатам што 2.750 тони амониум нитрат бил складиран небезбедно цели шест години и бил темпирана бомба.
Експлозијата била толку силна што ја слушнале и жителите на Кипар, кој е 240 километри одалечен од Бејрут.