29 Септември, 2024
0.0401

РАСТЕ БРОЈОТ НА ПОМЛАДИТЕ КОИ СЕ ЗАРАЗУВААТ СО КОВИД: Некои завршуваат со инфузии, некои со блага температура и затнат нос

Објавено во: Македонија 29 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Во Македонија новата варијанта омикрон, која забрзано се шири низ Европа и станува доминантна, во земјава засега е потврдена само кај едно лице, но загрижува податокот што во претпоследната недела во декември, најголем број од позитивните на ковид се млади луѓе на возраст од 30 до 39 години. Матичните лекари со кои разговараше Фактор велат дека оваа група граѓани се најактивните, луѓе кои работат, кои се дружат, но и оние кај кои опфатот на вакцинација е навистина мал.

-Имаме доста пациенти во нашата приватна ординација токму на оваа возраст и во овој период голем дел од нив се заразија со вирусот. Има и помлади од нив, и дефинитивно ова е резултат на тоа што тие се постојано во движење. Сега се организираат и овие предновогодишни забави, па може во наредниот период бројот на млади луѓе кои ќе се инфицираат со ковид да биде поголем. Дел од нив, особено оние кои веќе се вакцинирани имаат навистина лесна клиничка слика, но имам пациент на 26 години кој досега не се вакцинираше, се зарази со вирусот и кај него болеста многу брзо напредна. За среќа не е хоспитализиран, но секојдневно прима инфузии, односно се води на дневна болница на Клиниката за инфективни болести. И ова е само уште еден доказ дека вакцините против корона вирусот за жал не успејаа 100 проценти да заштитат од заразување, но болеста многу полесно ја поминуваат вакцинираните пациенти. Јас отворено зборувам со секој од нив за важноста на вакцинацијата, некој ги прифаќа моите совети, некој едноставно не сака да слушне да се вакцинира, велат матичните лекари.

На мала опфатеност со вакцинацијата против ковид во светот воопшто, предупреди и Светската здравствена организација, од каде соопштија дека нема да ја исполнат целта за вакцинација на 40 отсто од населението во секоја земја до крајот на годината. Причината за тоа, според СЗО е што богатите земји акумулираа огромни количества вакцини, додека посиромашните останаа без главното оружје против вирусот, и во дури 40 држави во светот, опфатот на вакцинацијата е под 10 проценти.

Сепак, здравствените власти во Македонија уверуваат дека епидемиолошката состојба во земјава е мирна и дека нема никаков притисок врз болниците, заради што ниту во овој најраздвижен период нема да се воведуваат дополнителни рестриктивни мерки. Дека Македонија не е кризно подрачје потврдија и неколку европски држави кои ја отстранија земјава од црвената листа, па патувањата се дозволени со потврда за вакцина или прележана болест или пак негативен ПЦР тест.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје