Расте бројот на жртви во Шри Ланка: Нови приведени осомничени лица
Објавено во: Свет 23 Април, 2019
Расте бројот на загинати лица од бомбашките напади во Шри Ланка, досега бројката се искачи на 321 починато лице, соопштуваат европските медиуми.
Власите во земјата пак изјавија дека има и зголемен број на приведени осомничени лица за нападите, или лица кои соработувале со напаѓачите.
Сеуште ниту една терористичка организација ја нема превземено одговорноста за нападите, кои се случија на првиот ден од католичкиот Велигден. Најмалку 7 самоубијци бомбаши извршија терористички напади врз цркви и хотели во Шри Ланка. Во нападите најмалку 500 лица беа повредени.
Од разузнавачката агенција на САД информираат дека овие атентати можно е да се организирани од екстремистичката група на Исламска држава.
Во оваа островска земја денес прогласен и Ден на жалост. Беа погребани и дел од загинатите во нападите.