19 Април, 2024
0.0355

Расте отпорот кон корупцијата, но исто така и песимизмот

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

„Нам ни е неопходно системско справување со корупцијата и воспоставување нов вредносен систем за што е предуслов јасно изразената волја на релевантните политички фактори во државата“, истакна претседателот Пендаровски на денешниот регионален форум за борба против корупцијата организиран од Регионалната мрежа за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ) и Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. Тој истакна  дека неопходните реформи во сферата на владеење на правото и правната држава не треба да ги правиме за да ги задоволиме критериумите за членство во ЕУ, туку за да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите и во сопствената држава.

На настанот учествуваа над 100 претставници од граѓански организации и од државни институции од Северна Македонија и од земјите од регионот, а поддршка на граѓанскиот сектор во борбата против корупцијата даде и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Експертите од СЕЛДИ го презентираа Извештајот за процена на корупцијата во Северна Македонија каде се анализирани податоците од анкетата спроведена во февруари 2019 година. Според него, 29,4% од граѓаните биле изложени на коруптивен притисок, а тоа проектирано на население изнесува 490.038 граѓани. Од друга страна, корупцијата останува неказнива бидејќи во 2018 година само 92 лица биле осудени за злоупотреба на службена должност или поткуп, што ја сведува ефикасноста на институциите на 0,02% случаи откриени и завршени со пресуда. Уште една поразувачка статистика покажува дека четири од пет граѓани (84%) очекуваат во иднина зголемување на притисокот за корупција.

Дискусијата за реформите во правосудството потврди дека промените на ова поле се случуваат динамично во сите земји на Балканот, а како најважна кај нас останува донесувањето на нов Закон за јавно обвинителство кое се пролонгира од политички причини.

Претставниците на антикорупциските тела од регионот ги споделија нивните досегашни искуства од работата и ги претставија наредните предизвици. Заедничко за сите нив е потребата од градење на нивните капацитети, недостатокот на соработка со надлежните институции, недостаток на нивна независност, како и фактот што конфликтот на интереси кај високата корупција не се спречува.

Настанот послужи да се отворат прашањата на продолжување со проширувањето на ЕУ, со истовремено исполнување на реформите за добро владеење во Западен Балкан. Исто така, беа разгледувани и корупцијата и заробеноста на државата како главен предизвик за земјите од Западен Балкан.

Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните