Расте вредноста на доларот

Објавено во: Економија 05 Јули, 2022
Доларот зајакна, а цената на нафтата порасна.
Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 105,19 поени. Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 135,05 на 136,20 јени. Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото изнесува 1,0435 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0430 долари. Цените на нафтата, пак, скокнаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 0,23 отсто, на 113,75 долари, а на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,94 отсто, на 110,53 долари. Деновиве имаше и обратен тренд, односно паѓаше и вредноста на доларот и цената на нафтата.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Димовски најави дека ако нема покачување на платите од септември ќе има радикализација

За повеќе од еден процент скокна цената на нафтата

ДИРЕКТОР ПЛАЧЕ НА СОЦИЈАЛНА МРЕЖА - морал да отпушти вработени поради негова грешка - КОРИСНИЦИТЕ НА LINKEDIN ЗАБЕЗЕКНАТИ
Владата со одлука: Ќе се ограничи профитната маржа на огревното дрво

Шпаркасе Лизинг Доо Скопје со силни перформанси во првата половина на 2022 година

НАВАЛИ НАРОДЕ НА ПОЕВТИН БЕНЗИН ЗА ДВА ДЕНАРИ, „ДИЗЕЛАШИТЕ“ НЕ СЕ ИЗРАДУВАА - РКЕ ги објави новите цени

РУСИЈА - ПОБЕДНИК ВО КРИЗАТА НА ЕНЕРГЕТСКИОТ ПАЗАР: Москва ја молзе својата нафтена „кеш крава“ и заработува стотици милиони долари-Блумберг

Владата објави: „Еколог“ за 130 милиони евра ќе произведува електрични возила во Тетово
