29 Март, 2024
0.0253

Растот на глобалните пазари на капитал и во вториот квартал од годината придонесе за одлични перформанси на фондовите со кои управува ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје

Објавено во: Финансии 23 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Во текот на вториот квартал од годината продолжи растот на пазарите на капитал. Темпото на вакцинација се зголеми во повеќето развиени економии, особено во Европа, која сега е во чекор со Велика Британија и САД. Економиите во развој продолжија да заостануваат во однос на вакцинацијата, но случаите остануваат многу ниски во Кина а се чини дека достигнаа врв во Индија. Позитивните економски податоци и зголеменото темпо на вакцинација во комбинација со пад на случаите со КОВИД-19 беа главна причина за пораст на пазарите на капитал во вториот квартал.

Сите овие настани директно се одразија врз цената на уделите на фоновите со кои управува ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје.

ВФП Премиум Инвест во текот на вториот квартал реализира раст од 6,02 проценти и раст од почетокот на годината од инзвонредни 14,92 отсто.

ВФП Дивиденда реализира раст во вториот квартал од 5,77 проценти и раст од основање (20.01.2021) од 13,61 проценти.

Кон крајот на кварталот дојде до мал пад на приносите односно раст цените на државните обврзници. Приносите на обврзниците издадени од американското Министерство за финансии се намалија во текот на Q2, односно приносот на 10 годишната американска обврзница се намали од 1,74 проценти на 1,47 проценти. Комитетот за политика на отворен пазар на ФЕД преку своите проекции посочи дека каматните стапки најверојатно ќе пораснат порано од очекуваното односно дека каматните стапки може да започнат да растат кон крајот на 2022 година.

ВФП 100% Бонд во вториот квартал реализира солиден раст од 1,09 проценти, додека растот од почетокот на годината изнесува 1,5 проценти.

ВФП Кеш Депозит е идеален за инвеститори кои претпочитаат средствата примарно да им бидат пласирани во банки и кои за цел имаат да менаџираат со својата тековна или среднорочна ликвидност. И покрај ниските каматни стапки ВФП Кеш Депозит успева да оствари атрактивен принос.

Во изминатиот период имаше значителен напредок против КОВИД-19, но пандемијата не е завршена,  останува можноста да се појави нова варијанта на COVID-19 и да ги направи вакцините помалку ефикасни, сепак подобрувањето на економските индикатори нуди можности за инвеститорите кои се селективни и истрајни. Ние ги разбираме ризиците со кои се соочуваат пазарите на капитал и економиите и сме посветени на тоа да ви помогнеме во ефикасно управување со средствата во ова сè уште предизвикувачко опкружување.

Препорачуваме инвеститорите и понатаму да се придржуваат до своите зацртани финансиски цели без притоа да се трудат да го погодат дното или врвот. Веруваме дека на долг рок оваа стратегија е далеку пооправдана од стратегијата на “бркање краткорочни заработки” преку купопродажни трансакции. Бидете сигурни дека целиот наш тим ќе остане посветен да продолжиме заедно успешно да се движиме низ ова предизвикувачко пазарно опкружување.

Еве го Глобалниот берзански преглед за движењето на пазарите во вториот квартал од 2021 година


Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка